Момче од Пакистан пронајдено мртво кај Табановце
11.07.2020 15:35
| KumanovoNews
Од патрола на Црвен крст, вчера во 14 часот на место викано „Врело“ бил пронајден починат M.Л.(22) од Пакистан. Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.