Момче паднало од напуштената зграда на поранешен „Житомел“
Петнаесетгодишно момче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди и пренесено е на лекување на клиниката „Мајка Тереза„ во Скопје, откако паднало од напуштента зграда на поранешната фабрика „Житомел“ во Куманово.
Од СВР Куманово за Кумановоњус велат дека несреќата кај нив е пријавена околу 15 часот, а повреденото момче е Е.С. родено 2005 година.
Со повеќе детали за случајот ќе излезат во текот на утрешниот ден.
Имотот на поранешниот мелнички комбинат „Житомел“ со години е напуштен и незаштитен, откако фабриката се затвори поради матната приватизација. Во објектите често се подметнува пожар, а од нив е украдено се што можеше да се изнесе и откорне. Останаа само распадната ѕидови, поради што со години наназад е сврталиште на бездомници и корисници на дрога.
Граѓаните и поранешните вработени повеќепати бараа државата да го заштити имотот на овој некогашен гигант, но безуспешно.

