Мотоциклист од Куманово тешко повреден на патот Кичево – Струга
21.08.2023 13:00
| Жаклина Цветковска
А.А.(41) од Куманово бил тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Кичево-Струга.

Во СВР Охрид било пријавено дека на оваа делница , во близина на с. Ново Село, кумановецот А.А кој управувал мотоцикл „сузуки“ со германски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.