Мотоциклист удрил во 19-годишно момче, двајцата тешко повредени
11.06.2021 10:29
| KumanovoNews
Две лица се тешко повредени во сообраќајка, која се случила вчера во Скопје.

Несреќата се случила вчера во 17.40 часот на бул.„Алексаднар Македонски” во Скопје, кај клучка „Дијамант”, кога мотоцикл „бмв”, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во незгодата пешакот и мотоциклистот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.