×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mozzart донираше свежо овошје за здравствените работници во Општата болница во Куманово

    28.07.2020 18:49 | KumanovoNews

     Компанијата Mozzart Bet, денеска во Општата болница во Куманово донираше околу 500 килограми свежо овошје.

    Mozzart донираше свежо овошје за здравствените работници во Општата болница во Куманово

    Овошјето е наменето за медицинскиот персонал кој е директно инволвиран во борбата против коронавирусот, давајќи максимум да помогнат на своите пациенти кои се лекуваат во оваа болница.

    „Куманово е меѓу најпогодените региони од ковид-19, а ние веќе неколку месеци водиме деноноќна борба за справување со оваа страшна ситуација. Голема благодарност до компанијата Mozzart која се сети на нас - здравствените работници и не освежи со овие пакети овошје, кои се повеќе од добредојдени во овој период“, изјави директорката на Општата болница во Куманово, Снежана Захариева.

    Mozzart  пред неколку месеци во Кумановската болница донираше 10.000 евра, кои беа употребени за набавка на лична заштитна опрема за вработените.

    „Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон здравствените работници. Се надеваме дека овој знак на внимание ќе ги расположи и ќе им покаже дека во овие моменти ја имаат целосната поддршка од наша страна“,  изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

    Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.