МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.
- Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува, - се вели во соопштението.
Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, укажуваме дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10 годишна возраст.
Од Министерството апелираат до сите граѓани да се придржуваат до препораките,само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкотоздравје.