Музичка вечер за паметење: Владо Јаневски во сабота во "Унико Таверна"
"Унико Таверна" подготвува незаборавен музички хепенинг за своите посетители и граѓаните на Куманово.

Во сабота/ 19 јули/, со почеток во 20:00 часот, ќе настапи еден од најголемите македонски романтичари – Владо Јаневски, со своите безвременски хитови кои ги поврзуваат сите генерации.
Предгрупа ќе бидат младите и талентирани Милош и Стефан – локални музички имиња од Куманово, кои ветуваат одлична атмосфера уште од самиот почеток.
„Ги покануваме нашите сограѓани да резервираат место на време, бидејќи картите се ограничени. Ќе има многу награди од спонзорите и хостеси кои ќе се погрижат за добрата атмосфера. Со секоја резервација добивате welcome мезе даска. Картите се со промотивна цена од 300 до 1.500 денари. Обезбедете си место навреме, и бидете дел од летна вечер исполнета со музика, емоции и автентична атмосфера. Уживајте со македонски евергрин песни и врвна услуга“, велат од "Унико Таверна".
Резервации и информации: на телефон 075/833 - 033
"Унико Тверна" стана препознатлив угостителски објект, по својот квалитет, професионалност, посветеност, љубезен персонал и одлични журки.
Комплексот „Унико“ се наоѓа на ул. „Доне Божинов“ во приземје на зградата на ФЗЦ.
(ПР Текст)