×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци - 50 во Куманово

    29.12.2020 08:38 | KumanovoNews

    МВР распиша конкурс за вработување на 600 полицајци, а 50 од нив ќе бидат распоредени во СВР Куманово.

    МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци - 50 во Куманово

    - Министерството за внатрешни работи согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни рабои и за полиција и подзаконските акти денес објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“, соопштува МВР.

    Најголем дел од нив, 100 се за СВР Скопје, по 50 се за во Струмица, Охрид, Битола, Куманово и во Регионалниот центар за гранични работи Север. По 30 нови полицајци ќе има во Тетово, Велес, Штип, во Регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Единицата за брзо распоредување. По 20 нови полицајци се предвидени во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи.

    По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во МВР на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.