×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР распиша оглас за 500 полицајци, 20 ќе се распоредат во Куманово

    04.08.2017 14:11 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи ќе вработи 500 полицајци за кои што денеска распиша јавен оглас.

    МВР распиша оглас за 500 полицајци, 20 ќе се распоредат во Куманово

    Од новите 500 полицајци, 360 ќе бидат распоредени во Скопје, 30 во Охрид, по 20 во Битола, Струмица, Штип, Куманово и во Велес и 10 во Тетово.

    Како што соопшти МВР, избраните кандидати ќе имаат основна обука за полицаец во траење од една година, по што со МВР ќе склучат договор за вработување. Кандидатите ќе имаат статус полицаец-приправник и ќе бидат обврзани на работното место да останат најмалку пет години.

    Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Македонија, да се полнолетни, активно да го користат македонскиот јазик, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование и да се здравствено и психофизички способни.

    Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од министерот за внатрешни работи.

    „При спроведување на селекцијата, на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба“, се вели во огласот на МВР.