На граничниот премин Табановце уапсен командир, заменик и седуммина полицајци
26.12.2022 14:16
| Сузана Николиќ
Во синоќешната полициска акција на граничниот премин Табановце се уапсени деветмина полицајци, меѓу кои и командир, заменик командир и раководител на смена.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот новогодишен брифинг со новинарите, кажал дека акцијата на српско-македонската граница на МВР беше во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а уапсените се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
За време на акцијата, на граничниот премин имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.