×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На овие локални избори гласачите ќе се идентификуваат преку уред за биометрискa идентификација

    15.10.2021 17:01 | Сузана Николиќ

    Граѓаните, кои ќе го остварат своето право на глас на локалните избори 2021 година, за првпат ќе се идентификуваат преку уред за биометриска идентификација (УБИГ), што е новина во изборниот процес.

    На овие локални избори гласачите ќе се идентификуваат преку уред за биометрискa идентификација

    УБИГ е апарат во кој се внесени податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, кои се доставени од МВР до ДИК.

    Како ќе тече постапката на избирачкиот процес со користење на УБИГ објаснува сертифицираниот обучувач на ДИК, Срѓан Ивановски.

    „Избирачките одбори (ИО) се обучени и подготвени да спроведат законски изборен процес. Бидејќи изборите се спроведуваат во услови на пандемија мора да се почитуваат пропишаните протоколи и гласачот задолжително да носи заштитна маска. Потоа, мора да има и валиден документ за гласање, односно лична карта или патна исправа. Член на ИО ќе ги проверува биометриските документи, по што гласачот ќе мора да се идентификува на УБИГ,со кој ќе ракуваат исклучиво претседателот или заменикот претседател на ИО. Со идентификација на десниот показалец на местото одредено за тоа на уредот и штом се појави зелено светло (податоците за лицето, н.з.), гласачот понатаму се упатува на членот на ИО кој ракува со изводот од избирачкиот список, каде се потпишува или остава
    отпечаток од прст доколку е немоќен односно неписмен“ објаснува Ивановски.

    Понатамошната постапка се одвива на вообичаениот начин. Член на ИО му дава две гласачки ливчиња на граѓанинот-едно за кандидатите за градоначалник, а друго за кандидатите за советници, на кои претходно се става печат на десната страна во горниот десен агол.

    Избирачот го остварува своето право на глас зад гласачкиот параван, а потоа гласачките ливчиња за градоначалник и за советници ги става со соодветните гласачки кутии, по што ги зема своите документи за идентификација и без задржување го напушта избирачкото место.

    „Нема да има поголемо задржување на изирачките места и нема да има повеќе од 2-3-ца гласачи. Ова мора да го испочитува секој граѓанин, кој има намера да излезе на овие избори и да го оствари своето право на глас, вели Ивановски.