×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „На патот“ кон поубаво Куманово

    23.09.2019 17:09 | KumanovoNews

    „ЛАГ АБЕР 2015“ продолжи со имплементирањето на проектот „На патот“, финансиран од швајцарската амбасада. Новото дело е поставено на фасадата на ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово. Претставува мурал изработен од академскиот сликар Дејан Божиновски – Коска, насловен „Козјак“.

    „На патот“ кон поубаво Куманово

    Делото има за цел да го привлече вниманието на младите кон природното и културното наследство на кумановскиот регион, како и да ја афирмира оваа планина како едно од местата за развој на руралниот, планински туризам.

    „Секако, делото пред се, претставува уметничка визија на сликарот Божиновски, која го разбива сивилото на фасадите од кумановските згради. Идејата на целиот проект е да се даде поддршка на уметниците, но воедно и да се развие свеста кај локалните власти и бизнис заедницата, дека можат во голема мера да го искористат креативниот потенцијал на уметниците, и заедно да го направат кумановскиот регион поубаво место за живеење. Се надеваме и дека муралот на Божиновски ќе биде поттик за раководството на училиштето да ги ангажира уметниците за комплетно доуредување на целата фасада на училиштето. Веруваме дека со реализацијата на проектот, ќе дадеме придонес во креирањето на нов, модерен, уметнички лик на Куманово, по примерот на големите светски уметнички метрополи“, - изјави Дејан Ѓорѓиевски, директор на проектот „На патот“.