На Пчиња запленети мрежи на рибокрадци
27.07.2015 10:09
| KumanovoNews
Мрежи за риба поставени од рибокрадци во реката Пчиња вчера биле запленети во близина на село Студена Бара.
Рибочуварите ја спровеле акцијата во 21.30 часот, при што се запланети 13 мрежи со должина од 10 и 20 метри.
„Рибокрадците се забележани од страна на нашите членови и брзо е интервенрирано, така што спречен е обид за рибокрадство на поголема количина на риба. Запленети се два килограми риба. „-изјави Роберт Лазаревски, претседател на здружението Пчиња.
Рибокрадците побегнале и ги оставиле мрежите и уловената риба. Од здружението, информираат дека и наредниот период ќе ги интензивираат контролите по течението на реките кои што се во надлежност на рибочуварската служба на „Пчиња„.

