На подрачјето на СВР Куманово лани се случиле 447 сообраќајќи
На подрачјето на СВР Куманово, кое ги покрива општините во Североисточниот регион, во 2020 година регистрирани се вкупно 447 сообраќајни незгоди. Споредено со 2019 година бројот е намален за 29 отсто, кога бројката изнесувала 632.

„Од вкупниот број на сообраќајни незгоди во 2020 година се евидентирани 36 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, 202 со телесни поврди, 199 со материјална штета, а 10 завршиле со смртни последици. Намален е и бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди и тоа за 8 отсто споредено со 2019 година. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, - велат од СВР Куманово.