На Табановце откриени 800 грама марихуана
09.12.2014 15:22
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце е спречен шверц на 800 грама марихуана.

Дрогата е најдена при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Кичево – Ансбах, Германија. Марихуаната е пронајдена во внатрешнаста на поставата на куфер, сместен во багажниот простор на автобусот. Сопственик на куферот е македонски државјанин, патник во автобусот.
(фото архива)