Мени

На Табановце откриени мигранти сокриени во контејнер од товарен воз

25.01.2020 11:29 | KumanovoNews

Четворица мигранти од Авганистан ноќеска се откриени на железничкиот премин Табановце во товарен воз кој доаѓал од Грција.

На Табановце откриени мигранти сокриени во контејнер од товарен воз

Според МВР, на 25.01.2020 во 00,05 часот на граничниот премин Табановце-железнички, вработени во МЖ-Транспорт пријавиле дека на излез од Македонија во товарен воз кој сообраќал на релација Р.Грција-Р.Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите.

Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33).

Тие биле однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.