Мени

На Табановце откриени мигранти во контејнер од товарен воз

16.03.2021 12:17 | KumanovoNews

Вработен во Македонски железници, синоќа во 22.20 часот, пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција - Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти.

На Табановце откриени мигранти во контејнер од товарен воз

Случајот го пријавил во Полициската станица „Табановце-железнички“, при што полициски службеници извршиле преглед и констатирале дека 13 лица се од Авганистан и две од Пакистан.

Лицата се сместени во Транзитен камп „Табановце“ за понатамошна постапка.