На Табановце се чека 40 минути за излез од државата
27.03.2021 07:58
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути.
Причина е што македонски државјани кои преку официјалната страна на Институтот за јавно здравје на Србија се пријавиле за вакцинирање како странски државјани, овој викенд ќе се вакцинираат масовно во просториите на Белградскиот саем.
Интензитетот на сообраќај на патните правцни надвор од градските средини е умерен, соопштуваат од АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.