На Табановце се чека по 30 минути
28.08.2015 11:42
| KumanovoNews
Зголемена е фреквенцијата на граничниот премин Табановце, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија.

Поради зголемената фреквенција на возила и патници има чекање од околу 30 минути. Деновиве немаше поголем застој на Табановце, а денеска метеж има и на граничниот премин Богородица. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.