×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 10.000 посетители на Денови на комедија во Куманово

    17.10.2019 13:37 | KumanovoNews

    Фестивалот Денови на комедија оваа година, несомнено ги оправда очекувањата на публиката, при што на 12 претстави оваа година присустуваат над 10.000 посетители.

    Над 10.000 посетители на Денови на комедија во Куманово

    Директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски вели дека тие како институција се презадоволни од интересот за фестивалот.

    „Навистина се радуваме што Куманово сака театар, а кумановците сакаат да гледаат убави претстави и што имаме навистина прекрасна публика. Имаше дури и коментар дека треба да се прошири големата сала, меѓутоа сега за сега условите се тие. Оваа година направивме и репризи за некои од претставите, но пак интересот е поголем од капацитетот на местата“,- изјави Тодоровски.

    Оваа година, се спроведе гласање за претставите од страна на посетителите, а победи претставата „Смеј се за збогум“ од „Сатиричниот театар„ во Бугарија.

    Актерските екипи кои гостуваа на фестивалот велат дека кумановската публика е единствена.

    Од емоциите коишто ги дава, како и нејзините реакции многу се ретки. Никаде нема вакви публика каде што гостувавме, па дури ни во нашите матични театри. Едноставно, публиката тука сака уметност, ужива во театарот и знае да го препознае вистинскиот квалитет“,- беа дел од коментарите.

    Од Центарот за култура, велат дека наредната година, ќе се обидат да има повеќе изведби на претставите за кои има голем интерес, како и да го ограничат купувањето на четири карти, со оглед на тоа дека заинтересираноста за овој фестивал е преголема, а капацитетот на големата сала ограничен на 670 места.

    Од наредната година, во рамки на Меѓународниот тетарски фестивал „Денови на комедија“ жири ќе избриа најдобар актер, најдобра сценографија, костимографија итн., со цел да се подигне уште повеќе квалитетот на овој фестивал.