Над 210 невработени млади од Куманово се пријавиле за мерките за самовработување
Вкупно 214 невработени лица од Куманово аплицирале во Центарот за вработување за владината мерка за поддршка со самовработување. Огласот ќе трае до крајот на неделата, па се очекува бројката да се зголеми.

На ниво на државата досега за мерката аплицирале над 3.700 невработени лица.
Мерката за предвидува финансиска помош од 7.000 или 10.000 евра, во зависност од возраста, а за реализација се обезбедени 2,5 милјарди денари над 40 милиони евра.
„Сакаме да ги охрабриме сите млади кумановчени до 29 години, но и сите категории на невработени лица, да ги следат мерките кои се произлезени од оперативниот план и да конкуриираат за нив. Оваа години предвидени се рекордни 40 милиони евра, или 7,5 милиони евра повеќе од лани, пари од буџетот наменети за нови вработувања. Со овој план ќе бидат опфатени вкуно 16.500 лица на целата територија на државата. Мерката има за цел да им помогне младите да останат во државата, а не како што беше досега да се иселуваат“, кажа заменик-министерот за економија Марјан Ристески.
Помошта е 10.000 евра за невработени до 29 години и 7.000 евра за невработени над оваа возраст. Две млади невработени лица со добар бизнис план можат да добијат 20 илјади евра ако се до 29 години, а над оваа возраст добиват 14 илјади евра.
Оперативниот план за 2025 година со предвидените мерки има за цел вработување на луѓе во постојаните фирми преку мерката раст на постојаните компании, развојот на зелената економија и самовработување, како и за обука, едукација и зголемување на перформансите на невработените за да бидат понкурентни на пазарот на трудот.
„Со овој оперативен план, прилагодени се потребите на работодавачите, на невработените лица. Годинава имаме највисок буџет и најголем опфат на потенцијални кандидати. Можат да аплицираат сите невработени лица кои имаат сопствена бизнис идеја , оваа програма не поддржува само пет дејности, и тоа земјоделието, такси услугите, производството на оружје, организација на игри на среќа( коцкарници и обложувалници) и приватни агенции за вработување. Во Центарот за вработување во Куманово аплицирале над 210 невработени млади“, рече Весна Пешова, заменичка-директор на Агенцијата за вработување.
Оваа година средствата ќе се доделуваат врз основа на одредени критериуми кои треба да ги исполнат апликантите, а не како минатите години, прв дојден прв услужен. Они кои ќе добијат грантови ќе поминат обука и ќе добијат менторство од Агенцијата за претприемништво.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки, кажа дека Општина Куманово го поддржува мерката за самовработување и се надева дека во иднина ќе го види бенифитот на младите.
Во Куманово има околу 17.000 невработени, од кои околу 9.500 се активни баратели, на над 7.500 пасивни.