×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 27 илјади нови лични документи издале управните служби во Куманово од 15 декември до 8 февруари

    14.02.2024 14:20 | Оливера Пешевска

    Од 15 декември минатата година до 8 фебруари, управните служби на СВР Куманово издале над 27 илјади лични документи.

    Над 27 илјади нови лични документи издале управните служби во Куманово од 15 декември до 8 февруари

    „Во одделот за управни служби Куманово од 15 декември заклучно со 8 фебруари 2024 година биле издадени 27.422 лични документи. Дневно службите можат да процесираат околу 700 барања, а од вчера 12 фебруари, граѓаните ќе можат да се сликаат со закажан термин“, вели Ивана Младеновска, портпаролка во СВР Куманово.

    Без закажан термин, граѓаните можеа да започнат постапка за промена на лична карта, возачка дозвола и пасош, во било кое време кога ќе отидат во службата.  За нивните потреби се користеа  две кабини.

    За време на новогодишните и божиќните празници имаше голема навалица за поднесување на барања за било кој документ од нашинци дојдени на традиционален одмор во тој период од годината и секако од жителите на Куманово. Искуството на дел од нив говори дека биле оставени да чекаат со часови надвор, а во објектот биле пуштани по неколку лица, на одреден временски период. Толпата била контролирана од униформирани полицајци кои се обидувале да воведат ред меѓу оние кои чекале за сликање или подигање на готови документи.

    Од почетокот на 2023 година до средината на декември се изработени вкупно 80.787 лични документи, од кои 36. 022 патни исправи, 30.155 лични карти и 14.610 возачки дозволи.