×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија една недела порано, исплатата ќе се врши етапно

    23.04.2020 14:28 | KumanovoNews

    Исплатата на априлските пензии почнува од утре, соопштуваат од Министертсвото за труд и социјална политика.

    Над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија една недела порано, исплатата ќе се врши етапно

    За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, дотолку повеќе што пензионерите како возрасна група се најранливи.

    Министерството за труд и социјална политика информира дека пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери,  исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Над 320 илјади пензионери ќе ги имаат пензиите на своите сметки од петок, 24-ти април.  

    Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 24-ти април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

    За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    - за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;

    - за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;

    - за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и

    - за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.