×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 410 илјади евра исплатила Општина Куманово на приватни агенции за привремени вработувања, објави Левица

    30.06.2022 19:45 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово исплатила 410 илјади евра на приватни агенции за привремени вработувања во последните три години. Агенциска провизија била во висина од 7,03% од бруто средствата за секој вработен, секој месец од времетраењето на договорот за вработување.

    Над 410 илјади евра исплатила Општина Куманово на приватни агенции за привремени вработувања, објави Левица

    „Во 2020 година вредноста на реализиран исплатен договор со ДДВ изнесувал дури 8.928.640,00 денари или приближно 145,180 евра. Во 2021 година вредноста на реализиран исплатен договор со ДДВ изнесувал 8.393.656,00 денари или приближно 136,500 евра.  Во 2022 година проценетата вредноста на договорот изнесува 8.100.000,00 денари или приближно 131,700 евра“, соопштува Левица, повикувајќи се на податоците објавени на веб страницата на Бирото за јавни набавки. 

    Левица доставила и официјално барање до Општината за точната бројка на привремените вработувања на годишно ниво, но се уште не добиле одговор.   

    „Дали ваков тип на вработување е реална потреба? Зошто Општината ангажира приватни агенции на кои им исплаќа високи провизии со народни пари, наместо да ги користи државните институции за вработување?“, прашуваат од Левица.