Мени

Над 50 кумановци казнети поради неносење маска

11.03.2021 13:15 | KumanovoNews

 Поради неносење на заштитна маска на лице на јавена простор, 53 граѓани на Куманово ќе се соочат со парична казна.

Над 50 кумановци казнети поради неносење маска

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.03/11.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 80 лица не ја почитувалe. Од нив во Куманово 53, во Крива Паланка 17 и во Кратово 10“, соопштуваат од МВР.

За сите ќе следуваат соодветни мерки.