×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најбараните претстави за „Денови на комедија“ во Куманово

    25.09.2019 06:41 | KumanovoNews

    Во исчекувањето на „Денови на комедија“ во Куманово, кои ќе се одиграат од 1 октомври до 15, кумановската публика која со часови чекаше ред за да купи билети за театарскиот фестивал, посебна заинтересираност покажа за претставите: „Школо за љубовници“,  „Љубов“, „Запознај го мојот татко“ и „Бегалка“.

    Најбараните претстави за „Денови на комедија“ во Куманово

    И за љубовта, и за школото за љубовници, за запознавање со таткото на саканата или како да се стане Бегалка, пред почетокот на фестивалот, ви нудиме мал опис за најбараните претстави.

    „Школо за љубовници“- српската претстава во режија на Бојан Стојчетовиќ

    Тимот на школото за љубовници се актерите: Милан Васиќ, Јелена Ракочевиќ Цекиќ, Милан Калиниќ, Александра Цуциќ и Бојан Стојчетовиќ.

    Дејството во драмата е сместено во Италија, на почетокот на 60-тите години. Маж и жена успешни во она што го работат, „паѓаат“ во брачна рутина. Бидејќи, сакаат да излезат од неа што е можно побргу, со одлуките коишто ќе ги донесат сосема ќе им се смени животот. Па ќе се доведат во ситуации кои ќе ги разрешат на најкомичен начин.

    „Драги кумановци, претставата „Школо за љубовници“, конечно доаѓа после четири години во Куманово. Милан Калиниќ, јас и останатите од екипата сме многу среќни, што ќе дојдеме кај вас. Ние многу ја сакаме Македонија, Македонија не` сака нас, а посебно го сакаме Куманово. Задолжително да дојдете, затоа што ќе ве насмееме до солзи“.-рече во најавата актерот  Милан Васиќ.

    Милан Васиќ, исто така, во чест на кумановците, во најавата ја запеа и песната „Македонско девојче“.

    Поради големиот интерес на публиката, претставата ќе се игра две вечери на 9 и 10 октомври, а картите беа продадени во експресно краток рок.

    „Љубоф“-хрватската претстава во режија на Горан Рибариќ

    Во претставата  играат актерите: Матеа Марушиќ, Дориан Паулиќ, Дејан Фајфер и Владимир Андриќ.

    Станува збор за трагикомедија во која три ликови прозборуваат за своите интелектуални, сексуални и психолошки фрустрации, но исклучиво на духовит начин. Дејството е сместено на еден мост, на кој се одвиваат трагичните судбини и животните приказни на ликовите кои бараат само среќа и љубов.

    „Запознај го мојот татко“- српска претстава во режија и адаптација на Саша Копривица

    Во претставата играат актерите: Нина Јанковиќ, Драгана Дабовиќ, Катарина Гојковиќ, Андреј Шепетковски и Андрија Даничиќ.

    Грег е млад перспективен и целосно решен да се ожени со Џими, девојката од неговите соништа. Нивната врска ќе почне да станува напната, бидејќи Џими има бурен и таен живот. Поради истата причина, Грег ќе замине да се запознае со нејзиното семејство, без нејзино знаење, а што ќе се случи таму „никој не може ни да претпостави“.

    Нина Јанковиќ, во најавата за претставата „Запознај го мојот татко“, ги повикува кумановци да дојдат на претставата и сите заедно, вистински да се забавуваат.

    „Бегалка“-кумановска претстава во режија на „Ѓорѓи Ризески“

    Во „нашата Бегалка“ ќе играат актерите: Тони Михајловски, Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Александра Михајловска, Нина Максимова, Антонио Димитриевски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Мирослав Петковиќ и Љупчо Хаџи Стојанов.

    „Бегалка“ е вистинска приказна за кумановските Ромео и Јулија. Приказна која со љубов се бори и ги победува предрасудите на закоравеното општество. Драма на мачниот живот кој само преку љубовната искра добива смисла, а трагичноста на животот ја претвора во „слатка мака“.

    Ф.М)