×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најголем интерес за упис во техничкото училиште „Наце Буѓони“

    30.06.2017 09:30 | KumanovoNews

    На првото пријавување и запишување во средните училишта во градот најголем интерес за упис има во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

    Најголем интерес за упис во техничкото училиште „Наце Буѓони“

    Според податоците од Секторот за образование во Општина Куманово, во изминатите два дена во првиот уписен рок за машинска, електро и здравствената струка во училштето се пријавиле 244 ученика а запишани се 139 за настава на македонски јазик, и пријавени се 256 а се запишале 148 ученика на албански јазик.

      „Морам да го истакнам задоволството од интересот за упис на учениците во прва година за учебната 2017/2018 година. Тоа секако се должи на атрактивноста на струките и профилите, како и постоење на алтернативи по завршување на средното образование. Учениците благодарејќи на нашата соработка со стопанството ќе стекнат знаење и вештини за вклучување во работниот процес, но голем дел од нив можат да го продолжат своето образобание на сите факултети во земјава и странство. Успехот се должи и на севкупната училишна клима и стручноста и компетентноста на наставниот кадар и сите вработени, - изјави  Лидија Михајловска, директорка во техничкото училиште.

     Во училиштето остана слободни места за 157 ученика на македонски јазик и 156 на албански јазик. Директорката додава дека ове е рекорден интерес во однос на предходните години.

       Во Гимназијата „Гоце Делчев“ оваа година конкурирале 225 ученика на македонски јазик, а запишани се 209 ученика за природно-математичко, општествено-хуманистичко и јазично-уметничко подрачје. Остануваат слободни уште 165 места. И оваа година нема пријавено ниту еден ученик за српската паралека.

    Директорката Соња Тодоровска вели дека интересот е сличен како и минатата година кога имале 250 запишани ученика. Очекува уште ученици во второто запишување во првиот упиен рок и во вториот уписен рок, но задоволна е од заинтересираноста на учениците за гимназиското образование.

    Во Гимназијата „Сами Фрашери„ пријавени се 152 ученика, а запишани се 120. Има место за уште 32 ученика во прва година.

    Во средното училиште „Перо Наков“ за 4 годишно образование вкупно се пријавени 143 ученика, 115 на македонски и 27 на албански јазик.

    Вкупно се запишани 52 ученика: 50 на македонски и 2 на албански јазик.

    Остануваат уште 594 слободни места: 256 на македонски и 338 на албански јазик.

    Во земјоделското училиште „Киро Бурназ“ за 4 годишно образование се пријавиле вкупно 45 ученика, 44 на македонски јазик и еден на албански. Запишани се 31 ученик на македонски и еден на албански јазик.

    Вкупно остануваат 342 слободни места:207 македонски и 135 албански.

    За тригодишно образование се пријавиле 3 деца од македонска националност. Остануваат уште 133 слободни места со настава на македонски јазик.

    Оние ученици кои не ги исполниле условите да се запишат во првиот круг им останува да конкурираат на второто запишување на 5 јули или во август во вториот уписен рок.

    Во Куманово има место за упис во прва година на 2.500 средношколци.