Најитно ќе го разгледаме предлогот на Комисијата за заразни болести, кажа Спасовски
08.07.2020 09:32
| KumanovoNews
Владата на денешната седница ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести, граѓаните на Србија, Косово, БИХ и Црна Гора да приложат негативен тест на ковид-19 не постар од 72 часа при влез во Македонија.

„Има таков предлог и во најитен момент ќе го разгледаме на владина седница“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска во Куманово.
Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави ваков предлог до Владата и истото да важи уште од утре, поради влошената епидемиолошка состојба во наведените земји.