×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најмалите маскирани го прославија Денот на шегата на Градскиот плоштад во Куманово (фото)

    31.03.2023 20:27 | Оливера Пешевска

    Дечиња од градинката Ангел Шајче и пониските одделенија од основните училишта, еден ден порано го прославија 1 Април - Денот на шегата на Градскиот плоштад во Куманово.

    Најмалите маскирани го прославија Денот на шегата на Градскиот плоштад во Куманово (фото)

    Традиционално, маскирани во ликови од детското секојдневие и цртаните филмови, секогаш актуелниот Спајдермен, кралицата на Леденото царство Елса, Мини и Мики Маус, принцези, кловнови и полицајци, тие прошетаа низ кумановските улици и го привлекоа вниманието на возрасните.

     „Традиционалниот маскенбал, како градска манифестација се одржува некаде во мај, но денеска излеговме со дечињата да ги прошетаме костимите во кои ги дотерале родителите. Децата се радуваат и ова за нив е несекојдневно доживување“, изјави една од учителките.

    Минувачите на плоштадот не беа изненадени од маскираните дечиња, затоа што тоа полека станува традиција и се одвива барем десетина години наназад, но секако беа воодушевени и расположени да ги видат дечињата  и да се сликаат со по некое од нив.

    „Убаво е нека се радуваат дечињата. А и ние, и очите и душите ни се полнат кога ќе ги видиме како гордо ги претставуваат своите маски“, изјави пензионерката Рада С..