×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намален бројот на жители во Североисточниот регион, во Куманово за 7.380, во Липково близу 5.500 жители помалку

    31.03.2022 11:54 | Жаклина Цветковска

    Во сите шест општини во Североисточниот регион се бележи намалување на населението. Разликата е околу 20 илјади жители, во однос на предходниот и сегашниот попис. Во 2002 имало 172.787, а сега 152.972 жители.

    Намален бројот на жители во Североисточниот регион, во Куманово за 7.380, во Липково близу 5.500 жители помалку

    Иако Куманово останува општина со најголем број на жители според објавените податоци на Државниот завод за статистика од пописот на населението во 2021 година, сепак евидентно е намалување на населението во оваа територијана единица.

    Имено, во последните 20 години, бројот на жителите се намалил за 7.380, односно од 105.484 население, денес во Куманово има 98.104 жители.

    Значителни демографски поместувања се забележуваат и во општина Липково, која од пописот во 2002 година до последните статистички податоци од 2021 година „изгубила“ 5.498 жители. Во оваа општина сега има 22.300 жители, наспроти 27.058 вкупно население од претходниот попис.

    Во општина Кратово се регистрирани 7.545 жители или за 2.896 граѓани помалку, а од нив 6.961 се Македонци, 100 Роми, 14 Срби, 8 Албанци итн.

    И во Крива Паланка се регистрирани 2.763 жители помалку за разлика од пред 20 години, а според најновите податоци оваа општина брои 18.057 население. Од нив 16.675 се Македонци, 447 се Роми, 66 Срби, 7 Албанци, 2-ца Бошаци.

    Старо Нагоричане, пак, брои 1.339 жители помалку и сега има 3.501 жител, додека општина Ранковце има најмалку промени во демографската структура. Бројот на население во оваа општина се намалил за 679 лица и денес има 3.465 жители од кои 3.055 се Македонци, 143 Роми и 14 Срби.