Намалени кражбите на дрва во кумановско
Намалени се кражбите на дрва поради честите контроли од шумска полиција, објаснуваат од Шумско стопанство Куманово.

Директорот Ваит Саити вели дека кражбите на дрва и незаконското сечење на шуми се сведени на минимум.
„За разлика од лани и преклани, кражбите се опаднати и незаконското работење на крадци. Сега има голема контрола од шумска полиција, шумочувари, погранична полиција. Тоа значи на 5-6 филтери да се филтрира, па да дојде до целта на граѓаните, сите дрва кои доаѓаат од планина да бидат контролирани од државниот апарат“-вели Саити.
Саити додава дека имаат 60.000 кубици дрва, што е доволно за општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Буката е најбарана и се продава за 2371 денар по метар кубен.