×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вкупниот криминалитет е намален за 3,6 отсто, а ефикасноста на полицијата за 37,1 отсто, кажа Бојмацалиев по посетата на СВР Куманово

    20.02.2024 12:23 | Оливера Пешевска

    Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководството на СВР Куманово и раководствата на Одделенијата за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово.

    Вкупниот криминалитет е намален за 3,6 отсто, а ефикасноста на полицијата за 37,1 отсто, кажа Бојмацалиев по посетата на СВР Куманово

    „Безбедноста на територија на СВР Куманово е поволна, без индиции за нарушување. Регистрирани се 1.241 кривично дело со споредено со истиот период минатата година е намалување од 3,6 %, додека вкупната реализација е 73, 2 посто. Полицијата исклучиво ќе работи во интерес на граѓаните и спроведување на фер и демократски избори“, кажа Бојмацалиев по средбата.

    Во областа на организираниот криминал е забележано зголемување на откривање на кривични дела, каде во 2023 биле 27, а во 2022 биле откриени 16 кривични дела. Во делот на класичниот криминал има зголемување на ефикасноста од 37,1 посто, а во делот што се однесува на кражби има намалување на бројот за 5,3%  и зголемување на реализација за 28,6 проценти.

    Од почетокот на годината, во текот на јануари 2024, споредбено со истиот период лани, полицијата во градот бележи намалување на бројот на кривични дела за 2 проценти. Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје има зголемување на бројот на откриени кривични дела 11, додека во јануари 2023 имало пет, за кои се поднесени соодветни кривични поднесоци.Во однос на нарушување на јавниот ред и мир во јануари 2024 во однос на минатата година регистрирано е намалување за 28 посто.

    Со денешната посета на СВР Куманово дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја започнува серијата на посети на секторите за внатрешни работи во градовите во РС Македонија.