Нападнал полицаец во станица и си ја удирал главата од маса
Кумановец физички нападнал и навредувал полицаец откако бил приведен во Полициската станица во Куманово.
Д.З.(31) и М.З.(39) двајцата од Куманово, биле донесени во полициската станицата и им било наредено да ги испразнат џебовите, по што започнало омаловажувањето на полицаецот.
Во текот на ноќта Д.З. продолжил да упатува навредливи зборови кон службеното лице, а започнал и агресивно да се однесува и неколкупати со главата удирал во масата, иако едната рака му била врзана со лисици.
Полициски службеник се обидел да го спречи, при што Д.З. физички го нападнал, го удрил во пределот на градите и притоа го фатил за службената униформа и почнал да го тегне.
Со употреба на сила, Д.З. е доведен во послушна состојба и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.