Нападнат адвокат во Куманово
16.01.2024 12:26
| KumanovoNews
Кумановски адвокат вчера попладне пријавил во полицијата дека бил физички нападнат во неговата канцеларија.

„Во 19.50 часот во СВР Куманово, В.Ц.(49) од Куманово пријавил дека во неговата адвокатска канцеларија бил физички нападнат од Т.П. од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.