Нападнат газда на деловен објект во Куманово
09.03.2022 21:12
| Сузана Николиќ
Три лица нападнале газда на деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Инцидентот се случил вчера околу 17 часот, по што газдата го пријавил случајот во полиција.
„Во СВР Куманово О.М. (46) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Доне Божинов“ бил физички нападнат од три лица со тврд предмет“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.