Нападнат вработен во Кумановската болница
07.05.2024 14:36
| KumanovoNews
Вработен во Општата болница Куманово вчера пријавил дека бил нападнат на работното место.

„Во 20.47 часот во СВР Куманово, Р.Г.(41) од Куманово пријавил дека на работното место во Општа болница Куманово бил физички нападнат од Д.Ј.(21) од Куманово“, соопштува полцијата.
По целосно документирање на случајот, против Д.Ј. ќе следува соодветен поднесок.