×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нападната кандидатка за советничка „За наше Куманово“ од кандидат за советник на СДСМ, тврди Павловски

    25.10.2021 16:46 | Сузана Николиќ

    Идниот советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, на денешната прес-конференција информираше дека кандидатката за советник на нивната граѓанска иницијатива Христина Алексовска е нападната од кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Момир Петрушевски.

    Нападната кандидатка за советничка „За наше Куманово“ од кандидат за советник на СДСМ, тврди Павловски

    Според Павловски, насилството се случила синоќа околу 19:00 часот, во влез на зграда на бул.„Октомвриска револуција“, кога Петрушевски на сила и одземал пропаганден материјал од раце од Алексовска и потоа го уништил.

    „Во изборна кампања, советник од тимот на Оливер Илиевски брутално се пресметува со жена, која е негов против кандидат! На овој начин ли се загаламе за еднакви можности на мажите и жените во политиката? Ова ли е начинот на кој сакате да победите на изборите!? Дали според вас ова е демократски чекор? Застрашувачки е сè што правите во изминатиот период! Насилството беше одлика во минатите години, кога поединци од власта се пресметуваа со противниците исклучиво преку омаловажувања, физички пресметки, местенки! Вие оваа лекција сè уште ја немате научено“, кажа Павловски.

    И во текот на вчерашниот ден „За наше Куманово“ информираше дека идниот советник Реџеп Реџеповски физички е нападнат од советникот на СДСМ Самет Салиевски и неговиот татко во населбата Средорек. Случајот бил пријавен во МВР.

    Павловски тврди дека со злоупотреби и манипулации од СДСМ вчера наеднаш сакале да ја сменат ситуацијата и излегле со информација дека наводно Салиевски е нападнат од тимот на Димитриевски. 

    Тој го повикуваме јавно обвинителство да постапи по допрен глас и да ги истражи овие злоупотреби и нерегуларности за кои има и низа фотографии јавно достапни на социјалните мрежи.