×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Напролет ќе започне гасификацијата на Куманово

    28.01.2010 15:36 | KumanovoNews

    Гасификација на градот што веќе две години го чека поставувањето на мерно-регулационата станица на ЈП „ГА-МА“, најверојатно ќе започне напролет. Според договорот на првите луѓе на „ГАМА“ и ЈП „КУмановогас“, станицата треба да се постави во април, по што ќе продолжат работите на проектот гасификација.

    Напролет ќе започне гасификацијата на Куманово

    „Очекуваме првите приклучоци за правните субјекти и домаќинставата да се случат напролет. Донесен е правилник за потрошувачите, утврдена е цената за приклучок која ќе изнесува 800 евра. Минатата година од Државниот инспекторат за садови под притисок добивме решение за исправност  на поставениот цевковод, откако претходно беше извршено пневматско тестирање на инсталираната делница од примарната мрежа“ - вели Момчило Мирчевски, директор во ЈП „Кумановогас“.

    Проектот гасификација на Куманово се реализира четврта година. Досега се поставени 6.600 метри дистрибутивна мрежа од која 4100 се челични, а останатото полиетиленски цевки.

    Гасификацијата се реализира исклучиво со сретства на Локалната самоуправа и наместо подршка од надлежните државни институции, постојано наидува на пречки.