×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наредната недела „Лесковачка роштилијада“

    18.08.2017 12:52 | KumanovoNews

    Една од најголемите балкански гастрономски манифестации „Лесковачка роштилијада“ годинава ќе се одржи од 28 август до 3 септември на главната улица во Лесковац.

    Наредната недела „Лесковачка роштилијада“

    Покрај голем број на традиционални специјалитети од месо и познатата лесковачка скара, организаторите од Туристичката организација Лесковац најавуваат богата културно-уметничка програма, музички ѕвезди и концерти за сите генарации. Очекуваат и рекордна посетеноста на гости од земјава и странство.

    „Искрено се надевам дека оваа 28. по ред „Роштилијада“ ќе биде подобра од предходните. И оваа година очекуваме гости од цела Европа, особено од Македонија и Бугарија. Покрај врвните специјалитети од скара, разни натпреварувања и изработка на најголемата плескавица во светот, ќе имаме и одличен културно-забавна програма во која ќе учествуваат локални бендови, културно-уметнички друштва и трубачки оркестри, - изјави Тина Стојановиќ, од Туристичката организација Лесковац.

    Манифестацијата ќе ја отвори најпопуларниот изведувач на староградска музика Звонко Богдан, за љубители на рок музиката ќе настапат групите Ван Гог, Рибља чорба, Атомско склониште, за фолк музиката е задолжен Дарко Филиповиќ и новите пинкови ѕвезди, како и поп-групите и пејачи Тропико бенд и Ивана Јордан, како и познати дувачки оркести и локални бендови.

    Историјата на скатата е стара повеќе од два века, патеписците уште во 18 век ги спомнувале лесковачките ќебапчиња како извонредни гурмански специјалитет, - велат организаторите и ги повикуваат кумановци да ја посетат седумдневната манифестација на храната.