Наредните денови топло од понеделник пад на температурите
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во североисточните делови повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ=8
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време.
Утре во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.
Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава.
Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.