Населбата Карпош денеска без струја
11.12.2014 08:59
| KumanovoNews
Денеска од 8 до 15 часот ќе биде прекинато напојувањето со електрична енергија во населбата Карпош.

Од ЕВН Македонија информираат дека ќе се работи на технички зафати во електродистрибутивната мрежа за да се подобри квалитетот на услугите кон корисниците. Се работи за планирани исклучувања во мрежата.
Други исклучувања за кумановско - липковскиот регион за денеска не се најавени.