Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата го усвои извештај на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата, со кој во речиси сите, освен две, подрачни училишта во Куманово добија согласност да организираат настава со физичко присуство на учениците. Централните ќе организираат онлајн настава, а за средните се` уште нема информација.
Со одлука на Комисијата, на ОУ „ Браќа Миладиновци“- посебни паралеки и подрачните училишта во селата Пчиња и Студена Бара, се дава согласност за реализирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто одделение до деветто оддление.
Согласност за организирање на настава со физичко присуство добија и: ОУ 11 „Октомври“, подрачно училиште во село Речица, ОУ „Браќа Рибар“ во село Табановце и подрачните во Горно Којнаре, Костурник и Четирце, ОУ „Вера Которка“ Клечовце, ОУ „Карпош“ Умин Дол и подрачано во Љубодраг, ОУ „Кирил и Методиј“ во Агино село, ОУ „Кочо Рацин“ - подрачано Биљановце, Габреш, Градиште, Добрешане, Кучкарево и Орашац, ОУ „Толи Зордумис“- подрачно Режановце, ОУ „Христијан Карпош“ - подрачно Тромеѓа.
Истовремено се одбиени барањата за организација на настава со физичко присуство во сите централни основни училишта во градот.
Онлајн настава ќе се организира во: ОУ „ Крсте Мисирков“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Магдалена Антова“, ОУ „11 Октомври“ и во подрачаното училиште во Долно Којнаре, ОУ „Толи Зордумис“, ОУ „Христијан Карпош“ и подрачно во Иго Тричковоќ, ОУ „Бајрам Шабани“, ОУ „Вук Караџиќ“, ОУ „Наим Фрашери“, ОУ „Битолски конгрес“ во село Лопате, ОУ „Браќа Рибар“ подрчно во Сопот, ОУ „Кирил и Методиј“ во Романовце, ОУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези.