×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Натали Кировска првенец на генерација во основното училиште „Крсте Мисирков“

    12.06.2021 12:11 | KumanovoNews

    Деветтоодделенката Натали Кировска е избрана за ученик на генерација во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.

    Натали Кировска првенец на генерација во основното училиште „Крсте Мисирков“

    „Нашето училиште е едно од најголемите и најреномираните училишта во градот, пример за квалитетен кадар и успешни ученици, кои со децении наназад го китат училиштето со многу награди, признанија на општинско, државно и меѓународно ниво. Во конкуренција за првенец на генерацијата беа 12 ученика и комисијата имаше тешка задача да го избере најдобриот од најдобрите, бидејќи разликата беше во нијанси во однос на нивните постигања. Во потесна селекција влегоа 9 исклучително успешни ученици, со многу освоени награди на општинско и државно ниво. Истакнувајќи го примерот на најдобрите ученици сакам да укажам за значењето на образованието, воспитанието и знаењето. Наставничкиот колегиум на сите наградени ученици им посакува многу успех во нивното понатамошно образование, а воедно на сите ученици им посакува пријатен летен распуст“, изјави директорката Драгица Спасиќ.

    На првенецот на генерацијата, но и на останатите ученици им беа доделени дипломи и плакети, поради континуиран одличен успех, примерно поведение, награди од општински, регионални, државни и меѓународни натпревари и учество во воннаставни активности.

    „Посебен белег на училишните страници посветени на истакнатите ученици од деветто одделение кои ќе бидат пример за идните генерации што доаѓаат, покрај Натали Кировска од IX б, и учениците Галина Бранко IX г, Сара Стефановска IX г, Владимир Коцевски IX a, Марко Спасовски IX a, Лука Стојановиќ IX в, Јована Митровиќ IX в, Павел Манев IX г, Лина Јовановска IX б“, додава Спасиќ.

    (С.Н)