×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наташа Додевска наградена за невестинска и вечерна фризура во Софија

    18.10.2020 19:38 | KumanovoNews

     Сопственичката на фризерското студио „Нате“ од Куманово, Наташа Додевска, освои две награди на 23-от Меѓународен фестивал на фризури и коса, во Софија, Бугарија.

    Наташа Додевска наградена за невестинска и вечерна фризура во Софија

    Наградите се доделени за најдобро изработени невестинска и вечерна фризура. Во силна конкуренција на натпреварувачи од Бугарија, Италија, Русија, Либан, Сирија и други земји, фризурите на Наташа освоиа најголем број на бодови од стручното жири.

    - По вторпат учествувам на ова натпреварување. Бев единствена претставничка од Македонија и успеав да постигнам значаен успех. Секогаш ми е предизвик да се натпреварувам со колеги од другите земји и да научам нешто ново, па така во овие услови се организирав и заминав во Бугарија. Наградите се потврда за мојот квалитет во работењето како фризер и како стилист и тие ќе ме мотивираат да работам уште попрофесионално и посветено. Овој викенд за мене е особено среќен, бидејќи и мојот син Јован освои медал на детскиот турнир Зелен тенис во Неготино,- изјави Додевска.  

    Фризерско студио „Нате“ работи веќе 20 години, и препознатливо е по уникатниот начин на работа и креативноста во изработка на фризури. Додевска досега има учествувано на повеќе меѓународни натпреварувања, а освои награди во Скопје, Подгорица, а ова е втора награда на фестивалот во Софија.