Мени

Натепал сопружници на улица поради недоразбирање

14.12.2019 21:47 | KumanovoNews

Д.С.(71) од Куманово пријавила во полицијата дека утринава таа и нејзиниот сопруг, поради претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.С.

Натепал сопружници на улица поради недоразбирање

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на крстосница од ул.Благоја Стојковски и ул.Козјачка, по претходно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Сочинет е записник по член 11 од ЗППЈРМ, соопштуваат од СВР Куманово.