Мени

Навреме почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

19.10.2025 10:03 | KumanovoNews

Без проблеми и навреме почна гласањето за Локалните избори во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Навреме почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Во Куманово ќе се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи. 

Во општина Липково има 26.362 гласачи кои гласаат на 36 места, а во Старо Нагоричане, право на глас имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места.