Наврнаа 28 литри дожд на квадрат, нивото на реките зголемено
19.04.2014 13:41
| KumanovoNews
Во последните 24 часа во кумановско наврнаа 28 литри дожд на метар квадратен што доведе до покачување на нивото на водата во реките.

Екипа од ЈП“Водовод“ е излезена на терен кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце за да се види дали таму има излевање. Тоа место е критична точка. Водостојот на реките е зголемен, но засега немаме дојава за излевање. Ја следиме состојбата бидејќи има поплави во јужна Србија и тоа ќе влијае и на состојбата кај нас - велат од Регионален центар за управување со кризи Куманово.
И утре не очекуваат врнежи од дожд со температури до 17 степени.