Наврнаа мали количини дожд, нема опасност од поплави
        27.03.2013 09:37
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Куманово и околината, ноќеска наврнаа само 1,5 литри дожд на метар квадратен, при што водостојот на реките не е зголемен, ниту пак постои ризик од поплави.
 
                  Од Регионалниот центар за управување со кризи велат дека ситуацијата е под контрола и дека се работи за многу мало количество на дожд. Слична е состојбата во Крива Паланка и Кратово.
Во наредните два дена се очекуваат локални дождови во Куманово и кумановско, а температурите ќе се движат од 13 до 16 Целзиусови степени.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



