×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не работи мерната станица, не се знае колкаво е загадувањето на воздухот по вчерашниот пожар во Куманово

    24.06.2025 15:03 | KumanovoNews

    Нема податоци колкав е степенот на загадување на воздухот во Куманово по големиот пожар во отпад на ул. Илинденска во Куманово.

    Не работи мерната станица, не се знае колкаво е загадувањето на воздухот по вчерашниот пожар во Куманово

    Од пожарот црн густ чад го обвитка градот, и до доцна во ноќта се чувствуваше непријатна миризба од загадениот воздух, кој ги печеше очите и грлото. Граѓаните реагираат дека уште една еколошка катастрофа им го загрозува здравјето, но на сајтот на  Министертвото за животна средина не можеа да проверат колкаво е загадувањето затоа што мерната станица за квалитет на воздухот, која се наоѓа во дворот на Кумановската болница не работи.

    „Станицата не работи од викендот што помина, настана некој проблем најверојатно предизвикан од струјата. Мајсторот кој ги сервисира е на одмор, се враќа утре и веќе има налог да отиде на терен. За вчера и денеска немаме податоци колкаво било загадувањето во Куманово“, ни рекоа од Информативниот центар за мониторинг на воздухот во Министерството за животна средина.

    Увид во опожарениот отпад утринава извршиле и од Државниот инспекторат за заштита за животна средина (ДИЖС) , при што утврдиле дека пред десетина дена му истекла лиценцата за работа.

    „Од страна на Државниот инспекторат направен е надзор врз субјектот „Отпад Манто“, во кој вчера попладне имаше пожар, при што државен инспектор врз основа на вонреден налог излезе на лице место и ја констатираше фактичката состојба. Побарана е комплетната документација по што ќе следува решение согласно Законот за управување со отпад. Субјектот во моментот не поседува дозвола за управување со отпад по што веднаш му е издадена наредба за забрана на вршење на дејноста и ќе следува прекршочна казна. Државниот инспекторат е во постојана комуникација со сите надлежни органи“,  вели директорката Ивана Гиновска. 

    Според  МВР пожарот на ул.Индустриска во Куманово вчера прво настанал на нива со сува трева, а потоа се проширил и зафатил магацин за резервни авто делови на отпадот. 

    Пожарникарите кажуваат дека по пријавата веднаш излегле на терен со три возила и 10 пожарникари, и не дозволиле пожарот да се прошири на соседните објекти, меѓутоа тешко се гаснело местото каде што се наоѓале старите возила, седишта, пластика, гуми и други делови, бидејќи се развила висока температура и густ чад. Подоцна побарале засилување од дополнителни возила и пожарникари нивни колеги, а напомош стигнеле и цистерни со вода од ЈП "Чистота и зеленило“.
       
    Во текот на вчерашниот ден имаше уште неколку пожари на отворено во центарот на градот, па чадот и смрдеата стана редовна појава во текот на летото. Најголем дел од пожарите на отворено се предизвикани намерно од луѓето велат пожарникарите, и апелираат до граѓаните да бидат внимателни.