×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се најдени парите ниту разбојниците од филмскиот грабеж на сопственик на менувачница во Куманово

    27.03.2024 14:58 | Сузана Николиќ

    Дванаесет денoви откако во вооружен грабеж беа украдени околу 150.000 евра од сопственик на менувачница во Куманово, се уште се трага по разбојниците и парите.

    Не се најдени парите ниту разбојниците од филмскиот грабеж на сопственик на менувачница во Куманово

    Од Основното јавно обинителство во Куманово велат дека истрагата е во тек, подигнати се докази од местото на настанот, се прегледуваат безбедносните камери, а запалениот автомобил е предаден на вешачење. Во меѓувреме 4 лица се повикани на информативен разговор, но никој не е задржан во полиција.
     
    „На 16 март приведени се М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. На 24. март приведени се Ш.Б.(32) и К.Д.(26) двајцата од Косово, Ш.Б. евидирал по барање на СВР Куманово, а во врска со кривично дело „разбојништво“, информираа од МВР.

    Од СВР Куманово не дадоа информација во интерес на истрагата. 

    Вооружениот грабеж се случи на 15 март во 20.20 часот, на ул. Доне Божинов, додека сопственикот на менувачница се враќал дома од работа. Напаѓачите му го пресекле патот, по што со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале. Во торбата имало разни девизи и денари во вредност од околу 150.000 евра.

    „Во 20.20 часот на улицата Доне Божинов во Куманово патничко моторно возило ‘ренџ ровер' со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило ‘пасат’ со кумановски регистарски ознаки управувано од С. С. (63) од Куманово. При што, неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило ‘пасат’ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило ‘ренџ ровер“, соопшти тогаш СВР Куманово.

    Неофицијално, сопственикот на менувачницата бил следен со едно возило, а другото го чекало на половина пат до куќата. Откако му го пресекле патот излегле две вооружени лица, кои со рачка од пиштол го удриле во главата и му ја одзеле торбата од задното седиште. Потоа го запалиле оштетениот џип и се префрлиле во другото возило кое ги чекало. Со голема брзина побегнале кон излезот на Куманово. Случајни минувачи помогнале пожарот да не се прошири и на пасатот на сопственикот, кој од судирот на двете возила се здобил и со повреда на ногата.